Имиџот не беше доволен, најуникатниот тренер на денешницата доби отказ

by 24 фудбал
1 минути читање

Најуникатниот тренер во светот, Сегундо Кастиљо, кој стана препознатлив по уникатниот стил на облекување на клупата, ја заврши својата авантура како предводник на Барселона од Гвајакил.

Кастиљо помина девет месеци на чело на клубот од својот роден град и остави солиден впечаток го предводеше тимот до третото место во првенството, со што обезбеди пласман во Копа Либертадорес, а притоа забележа важни победи против екипи како Коринтијанс и Ел Насионал.

Но, управата на клубот сепак оцени дека резултатите не се доволни за да му понуди нова шанса. Во 32 натпревари како шеф на стручниот штаб, Кастиљо запиша 15 победи, 7 ремија и 10 порази, со вкупна гол-разлика од 50 дадени и 37 примени голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×