Имаа 12 години да го испланираат мундијалот и на 100 дена пред почетокот им текна да го менуваат распоредот

by
1 минути читање

Одлуката на Катар да му се додели Светското првенство постојано беше следена од контроверзии, а таков е и последниот потег на земјата домаќин.

Голем број на извори пренесуваат дека Катар побарал од ФИФА мундијалот да започне еден ден порано, односно отварањето да биде на 20. ноември и тие како домаќин да играат против Еквадор.

Светската куќа на фудбалот сега треба да даде зелено светло, но се верува дека ова е само формалност.

На последните четири мундијали, домаќинот беше тој кој го отвараше Светското првенство, никој не го спори барањето на Катар од оваа гледна точка, но на сите им боди во очи тоа што Катар и ФИФА имаа 12 години да го испланираат настанот а на нешто повеќе од 100 дена им текна да го менуваат распоредот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани