Има само еден пораз во калчото, а му се заканува отказ!

by 24 фудбал
1 минути читање

По слабата серија резултати, италијанските медиуми објавија дека Аталанта сериозно размислува за смена на тренерот Иван Јуриќ. Клубот од Бергамо викендов го претрпе првиот пораз сезонава во Серија А, на гостувањето кај Удинезе (0-1), што дополнително ја влоши ситуацијата.

Иако Аталанта има само два порази, проблем претставуваат дури седумте нерешени натпревари, па тимот во моментов е на 11 место на табелата. Ни во Лигата на шампионите не стои многу подобро, каде досега има една победа, еден реми и еден пораз.

Според „Газета дело Спорт“, иднината на Јуриќ ќе зависи од следните два меча: гостувањето кај Марсеј во среда и домашниот дуел со Сасуоло на 9 ноември. Доколку резултатите повторно изостанат, извесно е дека ќе дојде до промена на клупата пред репрезентативната пауза.

Како потенцијални наследници се споменуваат Рафаеле Паладино, поранешен тренер на Монца и Фиорентина, и Тиаго Мота, кој има искуство во Џенова, Специја, Болоња и Јувентус. Паладино веќе летово бил една од опциите за кормилото на клубот, но раководството тогаш се реши за Јуриќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×