Има само два начини како Барселона може да го купи Лаутаро Мартинез

by
1 минути читање

Првиот е да ја платат откупната клаузула за Лаутаро која изнесува 111 милион евра, вториот е да платат 90-95 милиони евра плус играч по избор на Интер.

Ова се двата начини на кои Барселона може да дојде до Лаутаро, но сигурно нема да посегне по ниту еден од нив.

Интер го продаде Мауро Икарди, а тоа значи дека ја имаат ублажено кризата, па немаат потреба да продаваат и други играчи. Сакаат да создадат силен тим кој ќе се бори за Скудетото идната сезона.

Барселона може да игра само на една карта која често знаела да ја користи во минатото, тоа е фудбалерот да почне да инсистира на трансфер во Барселона и да го доведе Интер во позиција да мора да го продаде. Но тоа зависи од карактерот на играчот, засега Аргентинецот молчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×