Манчестер сити се откажува од доведувањето на германскиот репрезентативец Флоријан Вирц (22), објави „Би-Би-Си“. По првичните разговори, челниците на англискиот шампион процениле дека потенцијалниот трансфер е финансиски преголем товар и одлучиле да се насочат кон подостапни опции.
На списокот на желби за креативната „десетка“ сè уште се наоѓа Морган Гибс-Вајт, додека приоритетна мета за позицијата „осумка“ останува Тијани Рејндерс.
Инаку, за Вирц интерес покажаа и екипиате на Баерн Минхен, Ливерпул и Реал Мадрид, што го прави еден од најбараните играчи во претстојниот летен преоден рок. Вредноста на Вирц се проценува на околу 140 милиони евра.
пред пет години беше промовиран во првиот тим на Леверкузен од младинските категории и од тогаш бележи стабилен раст во формата. Во тековната сезона има 45 настапи со биланс од 16 голови и 15 асистенции, бројки кои го потврдуваат неговиот статус како една од најголемите млади ѕвезди во Европа.
За германската репрезентација дебитираше во 2021 година, а досега има 29 настапи и шест постигнати голови.
Фото: Manchester City/FB