Столчето на Руди Гарсија се стресе по поразот од Фиорентина, синоќа се појавија информации за отказ, но подоцна беше пренесено дека стратегот ќе добие уште една шанса.
Како што пренесува Кориере дело Спорт, во договорот на Руди Гарсија има клаузула со која Наполи ќе биде во поволна ситуација при разделба.
Во случај на отказ до 30. јули, Руди Гарсија ќе добие компензација од околу 3 милиони евра, „наполитанците“ нема да треба да ги исплатат последните две сезони од договорот.
Тренерската смена може да се случи многу брзо доколку Антонио Конте каже ДА и ги прифати условите кои ги нуди Аурелио Де Лаурентис, поранешниот стратег на Тотнем и Интер е прв избор за нов предводник на Наполи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.