Им нема крај на трегедиите: Сестрата на Емилијано Сала во критична состојба по обид за самоубиство

by
1 минути читање

Ромина Сала, сестрата на трагично починатиот фудбалер Емилијано Сала, е во
критична состојба во болница во Аргентина, се верува дека таа се обидела да се
самоубие.

29 годишната Ромина Сала, мајка на 6 годишен син, во понеделникот била
најдена во безсознание во нејзиниот дом, пријателка поминала да ја види како е,
откако добила загрижувачки пораки на „ВатсАп“.

Извори од болницата за весникот „Ла Насион“ брифираат дека Ромина е на
респитаро и во критична состојба.

„Работиме напорно со група на специјалисти и се обидуваме да и ги спасиме
животот“
– вели изворот.

Емилијано Сала трагично го загуби животот во 2019 кога авионот со кој
патуваше од Нант во Кардиф, каде требаше да почне нова фудбалска авантура, се
урна во Англискиот канал.

Три месеци по несреќата, почина и неговиот татко Орасио Сала, кој не можеше
да се помири со смртта на својот син и тагата му предизвика срцев удар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани