171
По паузата поради коронавирусот на Иличиќ тешко му беше повторно да игра. Настапи на неколку меча во Серија А, но потоа замина за Словенија од мистериозни причини.
Различни беа шпекулациите поради кои се врати во својата земија, но најреални се чини дека се поради депресија предизвикана од пандемијата на ковид-19.
Пред само некое време Џан Пјеро Гасперини не беше сигурен дали и кога Иличиќ ќе се врати, но сега пристигнува добра вест за него и за навивачите на Аталанта.
Одличниот напаѓач веќе е во Италија и од утре ќе им се приклучи на соиграчите.
Аталанта никогаш не кажа зошто Иличиќ се врати во Словенија, официјалниот став беше само дека тоа е од лични и приватни причини.