Мауро Икарди минатата сезона ја одигра на високо ниво во Галатасарај, па шампионот на Турција реши да инвестира во напаѓачот и ова лето да го донесе на перманентен трансфер.
Се верува дека преговорите со ПСЖ се завршени, и кога се очекуваше официјална потврда, се случи пресврт. Последните информации велат дека зделката може да биде стопирана поради желбата на Мауро Икарди да се врати во Аргентина.
Имено, неговата сопруга/агент Ванда Нара има одредени здравствени проблеми, па Маури Икарди сака да биде покрај неа и семејството.
Се чекаат повеќе детали за состојбата на Ванда Нара пред да биде донесена конечна одлука, но неколку клубови од Аргентина веќе пројавиле интерес да стигнат до услугите на напаѓачот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.