„Светците“ ова лето започнаа нов проект, голем број на играчи беа шкртнати и тренираат одвоено од првиот тим.
И додека дел од отпишаните си наоѓаат нови клубови, има и такви кои не сакаат лесно да заминат од Париз.
Радио Монте Карло посочува дека такви се случаите на Муаро Икарди и Јулијан Дракслер, кои бараат во целост да им бидат исплатени сите плати до крајот на договорите за да заминат.
Од претходно се пишуваше дека Мауро Икарди има месечна бруто плата од околу 800.000 евра, или нешто над 9,5 милиони евра годишна бруто плата, додека пак Јулијан Дракслер има бруто месечни примања од одколу 560.000 евра, или околу 6,7 милиони евра бруто годишни примања.
Двајцата играчи се обврзани кон ПСЖ до 2024 година.