Игуаин погоди по два месеци, Донарума го спасуваше Милан во 94. минута од нов срам (ВИДЕО)

by
2 минути читање

По серијата од
четири меча без погодок со која беше соборен негативен рекорд стар повеќе од 30
години, Милан се израдува на победа, вечерва на Сан Сиро славеше со 2-1 над
СПАЛ.

Натпреварот
започна со изненадувачко водство на гостите. Петања биеше од работ на
шеснаесетникот, топката го закачи Ромањоли и заврши зад грбот на Донарума.

Но Милан веднаш
се врати во игра, гостинските дефанзивци лошо расчистија една топка, а
Кастиљехо прецизно биеше во аголот за 1-1 во 16. минута.

„Росонерите“
поведоа по 20 минути игра во вториот дел, Игуаин доби топка на пет метри,
одлично се ослободи од својот чувар и погоди за 2-1. За Аргентинецот ова беше
прв погодок по пауза од два месеци.

Сепак, лесно
можеше да се случи Милан одново да разочара. Сусо доби втор жолт картон во 88.
минута, па гостите нападнаа во финишот и во 94. минута имаа прилика за 2-2 но
Донарума со одлична интервенција ја сочува мрежата и не дозволи нов срам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани