Дерби Каунти во
сезоната 2007/08 освои само 11 бодови, па важи за најлошиот тим во
историјата на Премиерлигата.
Габи Агбонлахор
сега раскажа брутална приказна, и откри дека тој и соиграчите од Астон Вила се
мајтапеле и карале кој прв ќе даде гол.
„Тие беа толку
лоши, што на шега почнавме да се караме со Герет Бери и Ешли Јанг за тоа кој
прв ќе даде гол“ – вели поранешниот напаѓач.
„Јас велев, „Прв
ќе дадам гол“, Герет Бери потоа рече, „Не, јас ќе постигнам прв“, а Јанг
викаше, „Не момци, јас прв ќе се запишам во листата на стрелци“. На крајот сите
постигнавме гол и победивме со 6-0!“
„Тоа беше
најлесниот натпревар кој некогаш сум го одиграл. Дерби беа толку лоши што Петров
со послабата нога им даде гол од половина терен. Ги „згазивме“ тој ден“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.