Играше полуфинале во Катар и беше една од убавите приказни, а сега под казна тренира со резервите

by
1 минути читање

Мароко беше една
од убавите приказни во Катар, „Лавовите од Атлас“ имаа мундијалска бајка, ги
елиминираа големите Шпанија и Португалија, и стигнаа до полуфинале.

Селим Амалах беше
еден од најдобрите поединци на теренот, но фудбалерот од средниот доби
непријатни вести по враќањето на клупските обврски. Станрад реши да го испрати
да тренира со вториот тим, односно со резервите. Причина за ваквиот понижувачки
потег е тоа што играчот одбива да стави потпис на нов договор и беспари ќе го
напушти клубот на 1. јули.

„Го испративме
Селим Амалах и уште тројца други играчи во резервниот тим. Нема да му помогнеме
да си ја зголеми цената на играч кој летоска беспари ќе го напушти клубот“

вели генералниот извршен директор на клубот, Пјер Лохт.

„Најлесната е
одлука е да го пуштиме да игра, но ќе испратиме опасен сигнал. Доколку стане
јасно дека секој може слободно да продолжи да игра и потоа беспари да замине,
клубот ќе пропадне“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×