Играчите на Тотнем од свој џеб ќе ги компензираат фановите по понижувањето кај Њукасл

by
1 минути читање

Тотнем претрпе тежок пораз на гостувањето кај Њукасл, домаќините водеа со 5-0 по само дваестина минути игра, конечниот резултат гласеше 6-1.

Тренерот Кристијан Стелини синоќа ја плати сметката и доби отказ, а денеска и првотимците решија да превземат одговорност за една од најлошите партии во историјата на клубот.

Хари Кејн и другарите од свој џеб ќе ги компензираат навивачите кои изминатиов викенд беа на трибините на „Сент Џејмс Парк“ и гледаа како Њукасл го понижи нивниот тим.

„Го разбираме вашиот гнев и фрустрации, знаеме дека не одигравме добро. Зборовите не се доволни во вакви ситуации, но мора да ни верувате, поразот навистина боли. Ја цениме вашата поддршка, како дома, така и на гости, па сакаме да ги компензираме навивачите за трошоците за билети на Сент Џејмс Парк. Знаеме дека ова не го менува резултатот од неделата, но ќе го дадеме максимумот за да се искупиме против Манчестер јунајтед, и заедно со вашата поддршка да продолжиме напред“ – гласеше известувањето на првотимците на Тотнем.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×