Играчите на Реал сакаат Анчелоти да остане во клубот и покрај дебаклот од Сити

by
1 минути читање

Реал Мадрид синоќа доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Манчестер Сити каде загуби со 4-0. Кралскиот клуб оваа сезона го освои Купот на Шпанија, но не триумфираше во Ла Лига или Лигата на шампионите, па иднината на Анчелоти е неизвесна и покрај тоа што тој рече дека останува.

„Се разбира, Карло Анчелоти треба да остане и да продолжи да го води Реал Мадрид“, рече Винисиус Жуниор по вчерашниот меч.

„Карло Анчелоти заслужува да остане како тренер на Реал Мадрид и следната сезона“, е ставот на Лука Модриќ.

Самиот Анчелоти на прес-конференцијата кажа дека ќе остане, Флорентино Перез му го кажал тоа пред 15 дена.

Времето ќе покаже дали Перез по вчерашниот тежок пораз ќе го промени мислењето или ќе му даде поддршка на Анчелоти да го испочитува договорот до крај.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×