Играчите на Реал не заборавија да го „пецнат“ Пике на прославата на Сибелес: Пике, глупчо, поздрави го шампионот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Кралевите“ вчера стигнаа до 33. титула во Ла Лига, па по натправарот на Ла
Росаледа, експресно се вратија во Мадрид да прослават со фановите.

Играчите на Реал пристигнаа на Сибелес околу 2 и 30, и забавата веднаш
почна.

Во текот на сезоната, на адреса на Реал Мадрид стигнаа многу провокации од
Жерард Пике, па дефанзивецот на Барса сега доби одговор.

Фудбалерите заедно со навивачите скандираа: „Пике, глупчо, поздрави го шампионот”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани