Играчите на Милан гневот го истуриле врз соблекувалната

by
1 минути читање

„Росонерите“ беа
на добар пат да избегнат пораз на гостувањето во Торино, но со сомнителен
пенал Јувентус стигна до нова победа во 97. минута од натпреварот.

Играчите на Милан
беа бесни на арбитрите, не можеа да се помират со одлуката да се покаже на
белата точка, а Карлос Бака дури сакаше да се пресмета со судијата Маса, но
беше спречен во намерата од Винченцо Монтела и Адриано Галијани.

Медиумите од
Италија сега пренесуваат дека тука не завршила целата приказна, дел од
фудбалерите гневот го истуриле врз гостинската соблекувална на „Јувентус
Арена“.

Извори блиски до
„Старата Дама“ велат дека играчите на Милан ја демолирале соблекувалната, имало
искршени шкавчиња и столчиња, а биле оштетени и неколку симболи на Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани