Идното засилување на Барселона: Срамота е тоа што ни поништија гол, сево ова е услуга за големите клубови

by
1 минути читање

Постои поделеност
кај љубителите на фудбалот по воведувањето на ВАР технологијата, истата таа
технологија синоќа имаше деби во Лигата на шампионите, а предизвика и дебата
откако беше поништен гол на Ајакс кој на домашен терен забележа пораз од Реал
Мадрид со 1-2 во првата пресметка помеѓу обете екипи во осминафиналето од тоа
натпреварување.

Френки Де Јонг,
кој од лето ќе биде фудбалер на Барселона, веројатно имаше големи мотиви за
докажување против најлутиот ривал на Каталонците, а токму тој го крена својот
глас против ВАР технологијата, за која индиректно посочи дека би им служела на
големите екипи.

Работевме
одлично на теренот како тим, срамота е тоа што ни поништија гол. Можеби нешто
слично на ова е лесно за да се направи услуга на некој голем клуб. Имавме
шанси, имавме добра игра, жално е тоа што таа игра не ни донесе подобар
резултат
“ рече Де Јонг по мечот.

УЕФА се одзва по
поништениот гол за Ајакс и застана во одбрана на ВАР технологијата, објави и
фотографија на која посочи за офсајд позицијата во која се најде напаѓачот на
холандската екипа, Душан Тадиќ, кој му пречел на голманот на Реал Мадрид, Тибо
Куртоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани