Иднината на Рабио е неизвесна, а според неговата последна изјава, мали се шансите тој да остане во Јувентус.
„Сакам да играм во Лигата на шампионите и тоа ќе биде клучно за мојата иднина“, изјави Рабио по вчерашниот пораз од Рома.
„Нов договор со Јувентус? Не сме имале разговори во последно време, но имаме време за тоа, нема нови вести околу тоа“.
Лигата на шампионите за Јувентус е недостижна преку Серија А. Тие имаат 12 бода помалку од Милан и Рома.
Единствениот реален пат за Јувентус до Лигата на шампионите е освојување на Лига Европа. Конкуренцијата е сериозна, но тие се вбројуваат во фаворитите заедно со Арсенал, Манчестер јунајтед, Рома…
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.