Ибрахимовиќ вели дека Мбапе е фантастичен фудбалер, но смета дека последните чекори му се погрешни и тоа може да му влијае на кариерата.
„Лично Мбапе не го знам многу добро. Како фудбалер тој е фантастичен“, вели Ибрахимовиќ за „Канал Плус“.
„Но кога ја губите дисциплината го губите и вашиот идентитет“.
„Има причина зошто Зидан е Зидан. Мбапе сака да го имитира него?“.
„Тој направи вистински избор за ПСЖ, не за себе. Бидејќи се стави во ситуација каде е поважен од клубот. И клубот му ги даде клучевите за тоа“.
„Но никогаш не си поголем од клубот. Кога детето ќе стане силно, лесно ќе може да заработи пари“.
Златан смета дека и родителите на Мбапе се виновни затоа што го советуваат и му вршат притисок.
„Неговите родители станаа адвокати, агенти, тренери. Од една работа тие станаа друга. И тоа е проблемот. Тогаш ја губите дисциплината и идентитетот“.
„Денеска со овие нови генерации, родителите, татковците, мајките, мислат дека тие се ѕвездите. Тие зборуваат во весници. Но кои мислите дека сте вие? Замолчете. Се зависи од вашиот син, фудбалерот, тој треба да работи и да има дисциплина“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.