68
Златан Ибрахимовиќ кој по потекло е од Босна и Херцеговина, знае повеќе народни песни од овие простори отколку Немања Матиќ.
„Ние двајца сме единствените играчи кои не комуницираат на англиски или на португалски. Зборуваме на нашиот јазик и секојдневно има многу шала и смеа. Со Златан секогаш е опуштено. Во соблекувалната пушта народна музика која и јас прв пат ја слушам“, открива Матиќ за „Вечерни новости“.
Таткото на Ибрахимовиќ, Шефик важи за фолк ѕвезда, има снимено четири албуми, па не е чудно што фудбалерот има широк репертоар на музика од овие простори.