Ибрахимовиќ повторно го провоцира Гвардиола: Прогресот на Халанд ќе зависи од егото на Пеп

by
1 минути читање

На сите им е
добро познато дека Златан Ибрахимовиќ и Пеп Гвардиола не се мирисаат, напаѓачот
го смета тренерот за главен виновник за разочарувачката авантура во Барселона.

Швеѓанецот во
неколку наврати има испратено отровни стрели, а сега излезе со нов зајадлив
коментар.

„Многу ми се допаѓа
Ерлинг Халанд, се работи за навистина интелигентен фудбалер. Не прави работи
кои не му се потребни, не се враќа назад по топката, чека напред пред голот и
постигнува погодоци. Ме потсеќа на играчи како Инзаги, Трезеге или Виери. Би
рекол дека е една „нова верзија“ на сите тројца“
– објаснува Златан
Ибрахимовиќ.

Запрашан дали
Ерлинг Халанд ќе продолжи да бележи напредок под водствто на Пеп Гвардиола,
напаѓачот вели: „Се зависи од егото на Пеп Гвардиола и дали тој ќе дозволи Халанд
да стане поголем од него. Мене не ми дозволи“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×