519
Во наредните денови Ибрахимовиќ ќе се сретне со раководството на Милан за да разговара за нов договор.
Поради операцијата на коленото која ја направи, 7-8 месеци ќе биде надвор од теренот, тој нема намера да стави крај на кариерата, но ќе прифати помала плата.
Ибрахимовиќ беше клучен за промена на менталитетот на фудбалерите на Милан, неговите засилуги за освоеното Скудетото се огромни иако учинокот на теренот му беше скромен.
Во наредните денови Милан ќе го претстави Дивок Ориги како нов напаѓач на тимот.