Ибрахимовиќ: Кога ќе видам посилен фудбалер од мене, ќе се пензионирам

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ на 3. октомври ќе наполни 41 година, но напаѓачот на Милан нема намера да се пензионира. Тој во моментов се рехабилитира од операцијата на коленото и вели дека наскоро ќе се врати.

„Наскоро ќе се вратам. Нема да се пензионирам. Се враќам назад на теренот, не се предавам“, вели Ибрахимовиќ за „Газета“.

„Кога ќе видам посилен фудбалер од мене, ќе бидам подготвен за пензија. Но не гледам ниту еден посилен фудбалер од мене се уште“.

Ибрахимовиќ го пофали Кетеларе, вели дека тоа е големо засилување за Милан само потребно му е малку време.

„Милан со потпиша топ фудбалер со потписот на Шарл де Кетеларе, дајте му малку време“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×