Ибрахимовиќ испрати порака до Роналдо и вели: Веќе е запишано кој ќе го освои Светското првенство, Меси ќе го крене трофејот

by
1 минути читање

Мундијалот во
Катар влегува во завршницата, остануваат уште четири натпревари до крајот.
Денеска на програмата е првото полуфинале, Аргентина ќе излезе на мегдан со
Хрватска, а утре е пресметката помеѓу Франција и Мароко.

Постои шанса да
гледаме реприза на финалето од пред четири години, но така не мисли Златан
Ибрахимовиќ, кој верува дека Аргентина ќе се радува на успех.

„Мислам дека веќе
е запишано кој ќе победи, и знаете на кого мислам. Мислам дека Меси ќе го крене
трофејот, тоа е веќе запишано“
– вели напаѓачот на Милан.

Запрашан каква
порака би му испратил на Кристијано Роналдо, кој со солзи во очите се упати во
соблекувалната по елиминацијата од Мароко, Ибра додава: „Не е толку важно што
ќе кажам јас. Сите сакат да го освојат Светското првенство, но на крајот не
можат сите да бидат победници“.

„Очигледно е дека
емоциите ве совладуваат кога нема да успеете… има емоции и кога ќе го освоите
мундијалот, но тие се сосема поразлични“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани