Ибрахимовиќ исфрлен од игра, легендата губи глас во „новиот“ Милан на Таре и Алегри?

by 24 фудбал
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ, кој минатата сезона беше гласно претставуван како советник на раководството на Милан, во моментов е целосно надвор од клучните фудбалски процеси во клубот.

Според италијанските медиуми, легендарниот напаѓач нема никакво влијание врз тековните одлуки што се носат во Миланело, каде новото дуо Масимилијано Алегри и новиот спортски директор Игли Таре ја имаат целата контрола.

Ибрахимовиќ останал во сенка и фактички служи само како човек на Гери Кардинале, сопственикот на клубот. Без функција, без глас, без допир со теренот, Златан во моментов е отсечен од фудбалската визија на „новиот Милан“.

Ова претставува сериозен удар за шведската икона, која имаше амбиција да стане клучен дел од проектот на „росонерите“ по пензионирањето, но очигледно новата постава има поинакви планови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×