„Росонерите“ неодамна го потврдија трансферот на Гонзало Рамос од Пари Сен Жермен за рекордна сума во историјата на клубот од 70 милиони евра, а сега вниманието го насочуваат кон дефанзивната линија.
„Газета дело Спорт“ сега пишува дека нова желба на Златан Ибрахимовиќ е капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Идејата на почетокот изгледала речиси невозможна, но откако предлогот на Ибрахимовиќ стигнал до сопственикот на Милан, Џери Кардинале, компанијата „Ред Брд“ започнала сериозно да ја разгледува можноста за евентуален трансфер.
Ван Дајк влегува во последната година од договорот со Ливерпул, но тешко е да се очекува англискиот клуб лесно да се откаже од својот капитен, дури и ако следната недела наполни 35 години.
Сепак, доколку во наредниот период не добие нова понуда за продолжување на соработката со Ливерпул, не е исклучено Холанѓанецот да размисли за понудата од Милан.
Ливерпул неодамна покажа дека не сака по секоја цена да ги задржува своите ѕвезди, што се виде и со ситуацијата околу Мохамед Салах, па останува да се види каква ќе биде иднината на Ван Дајк.