Ибрахимовиќ: Феенорд не беше подобар од нас, ние се самоубивме!

by riste
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ и по елиминацијата на Милан излезе да разговара со медиумите, тој застана во одбрана на Тео Ернандез.

Милан изгледаше како да го има натпреварот, водеше 1-0 и создаваше шанси за да ја зголеми предноста. Но по шест минути игра во вториот дел Тео Ернандез направи глупост, се обиде да одглуми пенал и заработи втор жолт картон по кој се промени играта.

„Феенорд не беше подобар од нас, едноставно ние се самоубивме“, рече Ибрахимовиќ по мечот.

„Разочарани сме, судијата беше строг кон Тео Ернандез без да го предупреди пред црвениот картон. Тео не е глумец, тој дава се од себе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани