Ибрахимовиќ имаше богата фудбалска кариера, играше во повеќе клубови, почна од Малме, па продолжи во Ајакс, Јувентус, Интер, Барса, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Галакси и повторно во Милан каде што ја заврши кариерата.
Ибра го состави идеалниот тим на фудбалери со кои кои играл. Во заграда се клубовите каде што играл со конкретниот фудбалер, а потоа и мислење за нив.
– Буфон (Јувентус) „најсилниот голман во светот“.
– Лилиам Турам (Јувентус), десен бек, „за него секој тренинг беше како финале на Светско првенство“
– Тијаго Силва (Милан и ПСЖ), како централен дефанзивец, „Ибра во дефанзивата“.
– Алесандро Неста (Милан), централен дефанзивец, „секогаш носеше вистински одлуки“
– Максвел (Ајакс, Интер, Барса и ПСЖ), лев бек, „многу интелегентен фудбалер“.
– Патрик Виеира (Јувентус и Интер), играч од средниот ред „фудбалер кој работи како мазга“.
– Чави (Барселона) играч од средниот ред, „никогаш не грешеше, го викаат господин перфектен“.
– Павел Недвед (Јувентус), средина „најсериозниот професионалец кој некогаш сум го видел“.
– Лионел Меси (Барселона) како десно крило, „Плејстејшн играч, најдобриот на сите времиња“.
– Роналдињо (Милан) лево крило, „генијалец“.
– Ибрахимовиќ како централен напаѓач.
На клупата Ибра ги стави: Сидорф, Гатузо, Канаваро, Иниеста и Жулио Цезар како голман, откако го пречкртал Де Хеа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.