98
Златан Ибрахимовиќ не го „мириса“ Пеп Гвардиола, Швеѓанецот дојде како големо засилување во Барселона летото во 2009, но влезе во недоразбирања со стратегот и си замина на мала врата по само 12 месеци.
Напаѓачот изминативе години често го критикуваше Шпанецот и сега одново упати зајадлив коментар.
Наскоро треба да биде објавена нова автобиографска книга на Златан Ибрахимовиќ, и во неа, фудбалерот вели: „„Филозофот“ претпочита играчи кои му се покоруваат без да му вратат“.