Ибра го искритикува Балотели, а тој му одговори со фотка на инстаграм! (ФОТО)

by
0 минути читање

Ибрахимовиќ во Интер беше соиграч на Марио Балотели, па денеска му беше поставено прашање што мисли за контроверзниот напаѓач.

„Тој имаше многу шанси да го покаже својот талент и да си ја промени иднината. Но никогаш не го направи тоа. Тоа е вистината за него“, рече Ибрахимовиќ.

Не помина долго, стигна одговор од Марио Балотели преку стори на инстаграм.

Балотели објави фотографија со пехарот од Лигата на шампионите и го тагна Ибрахимовиќ кој никогаш не го освои овој голем трофеј.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×