125
Синоќа заврши серијата на Милан од 24 натпревари без пораз, Лил со 3-0 победи на Сан Сиро во меч од Лига Европа.
Ибра беше стартер но во 61. минута беше заменет од Анте Ребиќ.
Според италијанските медиуми Ибра изгледал разочарано и луто при излегувањето, не бил задоволен ниту од резултатот ниту од перформансите на тимот.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Ибрахимовиќ на следниот тренинг на Милан ќе им одржи говор на своите соиграчи по повод поразот, тој не сака да се повторат перформанси како вчерашните.
„Не слушнав што кажа кога излегуваше од игра, очигледно не беше задоволен со свите перформанси и тие на тимот“, изјави Пиоли по мечот.