И во Јувентус биле свесни дека Артур не вреди толку многу: Заглавивме со него четири години, само за…

by
1 минути читање

Преку 20 зделки
на Јувентус се под лупа на обвинителството, кое смета дека „старата дама“ со
надувани суми искажувала високи капитални добивки и ги „штелувала“ сметките.

Една од
сомнителните зделки е трампата Артур Мело за Миралем Пјаниќ, Јувентус се сложи
да плати 72+10 милиони евра за услугите на Бразилецот, додека пак Барселона го
купи Босанецот за 60+5 милиони евра, операција која генерираше капитална
добивка за „старата дама“ од 43,7 милиони евра.

Но, во Јувентус
биле свесни дека Бразилецот не вреди толку многу, ова се гледа од разговорот
помеѓу директорите Марко Ре и Роберто Турати во јули 2021 година.

„Артур го
плативме 75 милиони евра само за да направиме капитaлна добивка од Пјаниќ, а
тој сега треба да оди под нож. Очигледно е нели? Никогаш не вредеше толку
многу. Сега заглавивме со него четири години“
– вели Марко Ре.

Артур Мело
никогаш не се наметна во Јувентус, Бразилецот изминатово лето беше испратен на
позајмица во Ливерпул, но и таму се мачи со минутажата. За маката да биде
поголема, заработи повреда поради која подолго време ќе биде надвор од стројот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани