И Тухел одиграл улога во отказот на Нагелсман, стратегот го условил Баерн Минхен

by
1 минути читање

На големо
изненадување, Баерн Минхен оваа недела реши да се раздели со Јулијан Нагелсман
и да го ангажира Томас Тухел.

Низ медиумите кружат
многу стории за причините поради кои Јулијан Нагелсман добил отказ, наводно стратегот
ја загубил соблекувалната, односно голем дел од фудбалерите не биле задоволни од
тоа како ги менаџира работите.

Ситуацијата
кулминирала кога Јулијан Нагелсман оваа недела решил да замине на скијање и ги
задолжил своите помошници да ги водат тренинзите.

Но според
пишувањата на Билд, и Томас Тухел одиграл улога. Поранешниот предводник на
Челси, поставил услов, односно го известил Баерн Минхен дека сега е правиот
момент да го превземе кормилото и доколку „баварците“ чекаат да заврши
сезоната, големи се шансите тој веќе да има договорено друг ангажман.

Па ставени под
притисок, раководството на Баерн решило да превземе изненадувачки потег и да му
врачи отказ на Јулијан Нагелсман.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×