Саудиска Арабија направи
бум на трансфер пазарот ова лето, клубовите трошат многу и се обидуваат да
донесат што е можно поголем број на квалитетни играчи.
Парите очигледно
не им се проблем на Арапите, па се пишува за чудна ситуација во редовите
на Ал Итихад.
Клубот од Џеда минатиот
месец го ангажираше Жота од Селтик во зделка вредна околу 30 милиони евра, но
сега сметаат дека Португалецот не бил доволно голема ѕвезда како останатите
звучни имиња кои пристигнаа ова лето (Бензема, Канте и Фабињо) па решиле да го
продадат.
Се шпекулира дека
Мохамед Салах им е играчот по мерак на позицијата на Жота во офанзивата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.