И тоа го има: Навивачи незадоволни дека примија гол излегоа на терен и предизвикаа прекин (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Навивачите на Ле Авр предизвикаа прекин во мечот против Олимпик Марсеј (1-3) во претпоследното коло на Лига 1.

Во моментите кога гостите поведоа во вториот дел, домашните навивачи беа незадоволни. Според информациите тие беа лути за бурното славје од страна на гостинската фан група, а тоа ги изреволтира да реагираат.

Голема група навивачи на Ле Авр само се симна на теренот и предизвика прекин на натпреварот од околу половина час. Интересно беше дека на еден дел од трибината фановите буквално без мака влегуваа на теренот бидејќи таму немаше доволно обезбедување, а и тие неколкумина кои беа само гледаа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани