По елиминацијта на Тотнем од Милан во Лигата на шампиони, иднината на Хари Кејн во Северен Лондон повторно е под знак прашалник.
Дејли Мејл пренесува дека напаѓачот по крајот на сезоната ќе седне на разговори со Даниел Леви и големи се шансите Англичанецот да замине.
„Спарси“ се свесни дека долгиот пост кога се во прашање трофеите е голем минус во преговорите, а ќе имаат и адут помалку да го убедат Хари Кејн доколку не обезбедат топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони.
Даниел Леви не сака да го види Хари Кејн во дресот на ривал од Премиерлигата, но ќе мора да се помири со продажба со оглед на тоа дека договорот на напаѓачот е до јуни 2024 и постои ризик тој беспари да замине.
Дејли Мејл додава дека и покрај тоа што Тотнем не е во многу силна позиција во преговорите, Даниел Леви нема лесно да се откаже од голгетерот и ќе бара најмалку 100 милиони фунти.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.