66
Покрај Ренова и Силекс денеска го заврши настапот во Европа откако беше поразен од Дрита.
Натпреварот не беше убаво за око, Силекс не направи речиси ништо за посериозно да го загрози голот на гостите.
Резултатот беше отворен рано во второто полувреме, во 48. минута Гербеши погоди од пенал за водство на Дрита од 1-0.
Во 78. минута ситуацијата на Силекс стана уште потешка откако Грозданоски доби втор жолт картон, кратовскиот тим остана со играч помалку.
Тоа брзо го искористи Дрита и по една убава акција Лимани во 80. минута погоди за победа од 2-0.
Во тимот на Дрита дебитираше доскорешниот Вардарец, Владица Брдаровски кој во игра влезе во 67. минута.