И Романо негира дека Роналдо се договорил со Ал Наср – понуда има, но не и потпис (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Марка денеска излезе со бомбастична вест дека Роналдо ја прифатил понудата на Ал Наср и од јануари ќе се пресели таму.

Тоа најпрво го негираше пријателот на Роналдо, новинарот Пирс Морган, а сега истото го направи и Фабрицио Романо.

Романо потврди дека големата понуда од Ал Наср за Роналдо е на маса, но Португалецот нема да одлучи додека трае Светското првенство.

Роналдо е комплетно фокусиран на Португалија, а откако ќе го заврши настапот на Мундијалот ќе размислува на клупската кариера.

Тој ќе почека да види дали за него ќе пристигне понуда од Европски клуб, доколку нема ништо друго интересно, веројатно ќе прифати да се пресели во Ал Наср.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани