И Милан ќе се офајди од трансферот на Тонали во Тотнем, еве колку ќе инкасираат „росонерите“

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан убаво ќе се офајди од трансферот на Сандро Тонали во Тотнем, „росонерите“ можат да инкасираат и до 10 милиони евра.

Сандро Тонали е пред историски трансфер во Тотнем, зделката ќе изнесува околу 100 милиони фунти (околу 116 милиони евра), со што ќе стане најскапиот играч во историјата на „спарси“, и најскапиот италијански фудбалер.

Од зделката убаво ќе се офајди и Милан, како што пренесуваат медиумите, „росонерите“ имаат клаузула според која им следуваат 10% од капиталната добивка.

Сандро Тонали се пресели во Њукасл во зделка вредна околу 60,8 милиони евра, и како што објаснува Калчо & Финанца, неговата сегашна вредност во сметководствените книги е околу 27,5 милиони евра.

Популарните „страчки“ ќе добијат загарантирани 108 милиони евра од Тотнем, па капиталната добивка ќе биде околу 80,4 милиони евра.

Милан треба да добие 10% од оваа сума, или нешто над 8 милиони евра. Клубот од Сан Сиро ќе инкасира и околу 1,62 милиони евра од солидарните механизмите на ФИФА, па вкупната сума ќе биде околу 10 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×