И Манчестер Сити виде убав ќар од најскапиот натпревар во светот

by bojan
2 минути читање
Саутемптон

Победата на Саутемптон над Лидс на„ Вембли“ го израдува и Манчестер Сити, „граѓаните“ ќе добијат околу 20 милиони фунти.

Финалето од плеј-офот за влез во Премиерлигата често се опишува како „најскапиот натпревар во светот“.

Самата победа можеби не носи некоја директна награда, но промоцијата во елитата носи огромен финансиски бенефит.

Проценките се дека клубот кој ќе победи на „Вембли“ ќе има зголемување на приходите од најмалку 140 милиони фунти во следните три сезони, а доколку се избегне испаѓање во првата сезона, сумата може да порасне и на преку 300 милиони фунти.

Саутемптон славеше со 1-0 над Лидс, па „светците“ се тие кои ќе ги уживаат придобивките.

Но убав ќар ќе види и Манчестер Сити, „граѓаните“ ќе добијат околу 20 милиони фунти.

Имено, актуелниот шампион на Англија, на Саутемптон му го го позајми Тајлер Харвуд Белис, со клаузула која вели дека „светците“ мора во целост да го купат дефанзивецот за околу 20 милиони фунти доколку обезбедат промоција во Премиерлигата.

Овој услов се исполни со триумфот на „Вембли“, па Пеп Гвардиола ќе има плус пари за засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани