И Манчестер јунајтед застана во редот за Лаутаро Мартинез, но Интер до крајот на сезоната може да ги одбива сите

by
0 минути читање

22-годишниот Лаутаро Мартинез игра одлично во дресот на Интер и го привлекува вниманието и на другите големи клубови.

Барселона прва пројави интерес, а „Мундо Депортиво“ пишува дека и Манчестер јунајтед го посакува одличниот напаѓач.

Мартинез во договорот со Интер има откупна клаузула од 111 милиони евра, но таа се активира дури во јуни следната година.

Тоа значи дека Интер во јануарскиот преоден рок може да ја одбие секоја понуда за Лаутаро, но од јуни нема да може да го задржи ако некој го плати износот од откупната клаузула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×