И Малдини заврши со Милан?

by
1 минути читање

Од следната сезона Германецот, Ралф Рангник треба да биде нов тренер на Милан, но и да ја добие улогата на технички директор. Тој сака сите фудбалски работи да бидат под негова контрола.

Тоа значи дека Паоло Малдини ќе ја изгуби директорската позиција. Информациите велат дека Иван Газидис му понудил на славниот бек да остане во клубот со друга функција, да биде амбасадор.

Но таквата понуда е понижувачка за Малдини и според италијанските медиуми тој ќе ја одбие и ќе си замине.

Претходно Звонимир Бобан доби отказ откако во медиумите изјави дека Газидис без да се консултира со нив преговара за ангажман на Рангник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×