И Фабрицио Романо има информација за Меси, но неговата е поразлична

by
1 минути читање

Со крајот на оваа сезона завршува договорот на Меси со ПСЖ, доколку не потпише нов, ќе може како слободен играч да одбере следна дестинација.

Синоќа од Аргентина стигна информација дека тој одлучил да се врати во Барселона.

Но, Фабрицио Романо кој речиси никогаш не прави грешка бидејќи има веродостојни извори, вели дека Меси се уште не одлучил.

„Извор близок до Меси вели дека тој ќе донесе одлука за својата иднина во 2023, не сега. Барселона веќе дискутира внатре за негово враќање, а ПСЖ ќе се обиде да го продолжи неговиот договор. Од таборот на Меси гарантираат дека се уште не донеле одлука, немаат уште ништо решено“, вели Фабрицио Романо.

Меси сака да се посвети на Светското првенство кое можеби ќе му биде последна шанса да го освои, а потоа ќе донесе одлука за својата иднина.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×