„Лисиците“
минатата сезона испишаа убава фудбалска бајка и на големо изненадување стигнаа
до титулата.
Па играчите кои
беа најзаслужни за овој голем успех добија нови побогати договори.
Сепак, оваа
сезона Лестер игра очајно, во моментов се наоѓа на 16 позиција и само еден бод
ги дели „Лисиците“ од зоната за испаѓање.
Доколку шампионот
на Англија се пресели во ранг подолу, ѕвездите на клубот ќе бидат удрени по
џеб.
Тајмс пишува дека
играчите како Џејми Варди, Ријад Марез, Вес Морган, Дени Симпсон, Дени
Дринквотер и Каспер Шмајхел во новите договори кои ги добиле имаат клаузула
според која платата може да им се намали и до 40% доколку клубот следната
сезона игра во Чемпионшип дивизијата.
Весникот вели
дека ваква клаузула има и во договорите на играчите кои летоска го засилија
Лестер.