И даде два гола на Барса и привлече внимание, најдобриот дриблер во Шпанија прави изненадувачки трансфер во Баерн

by
1 минути читање

Брајан Сарагоса привлече огромно внимание кога и даде два гола на Барселона и на мака ја стави одбраната на „каталонците“, особено беше импресивен при вториот погодок, кога ги измести Кунде и Тер Штеген.

Неговите добри партии не останаа неприметени, па неколку извори сега пренесуваат дека 22 годишниот Шпанец прави изненадувачки трансфер во Баерн Минхен.

„Баварците“ решиле да ја активираат откупната клаузула на Брајан Сарагоса вредна околу 15 милиони евра и да го донесе офанзивниот фудбалер на „Алианц Арена“.

Се говори дека тој ќе остане во Гранада до крајот на сезоната, а потоа на лето ќе го облече дресот на гигантот од Германија.

Брајан Сарагоса важи за брз играч со одличен дриблинг, во оваа категорија е најдобар во Шпанија, и втор најдобар во петте најсилни првенства во Европа, зад Доку од Манчестер Сити.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×