154
Хрватска и Франција во денешниот меч влегоа по порази во првото коло. Коцкестите загубија од Австрија, а петлите од Данска.
Вечерва Франција беше поблиску до победата, имаше водство со гол на Рабио од 52. минута. Предноста им траеше до 83. минута кога Крамариќ од пенал реализираше за конечни 1-1.
Во Лига Б, Исланд и Албанија одиграа исто така нерешено 1-1.
Во Лига Ц, Казахстан со 1-0 славеше на гостувањето кај Словачка, а немаше голови на мечот меѓу Белорусија и Азербејџан.
Во Лига Д, Летонија со 1-0 го победи Лихтенштајн, а мрежите мируваа на дуелот меѓу Андора и Молдавија.