Хрватска победи во Летонија и се качи на второто место на табелата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Двата гола беа постигнати во воведниот дел од мечот. Мајер во седмата минута донесе водство од 1-0, а Крамариќ во 16. минута ги постави конечните 2-0.

Хрватска претходно доби помош од Ерменија која одигра 1-1 со Велс, па коцкестите со триумфот во Летонија се качија на второто место.

Во последното коло Хрватска ја пречекува Ерменија, со победа ќе се пласира на Европското првенство.

×