Хрватската јавност разочарана од настапите на репрезентацијата, а најголем дел од критиките се насочени кон селекторот Славен Билиќ.
„Индекс“ не ги анализираше само убедливите порази, туку и односот на фудбалерите на теренот. Особено внимание предизвикаа сцените од натпреварот со Шпанија, кога Иван Перишиќ побара дрес од Ламин Јамал уште за време на полувремето, додека Хрватска губеше и беше целосно надиграна.
Критиките продолжија и по натпреварот со Англија, кој Хрватска го загуби со неверојатни 0-7. Кристијан Јакиќ веднаш по мечот побара дрес од Џуд Белингем, што вообичаено е нормален фудбалски гест, но во Хрватска беше дочекано со жестоки реакции бидејќи се случи по најтешкиот пораз во историјата на репрезентацијата.
Сепак, најголемата мета е Билиќ.
Неговото однесување покрај теренот, изразот на лицето и немоќта да реагира додека тимот се распаѓа, според хрватските коментатори, испратиле лоша порака и до самите фудбалери.
Дел од јавноста овој мандат веќе го споредува со претходниот на Билиќ од 2008 година, кога како селектор го доживеа еден од најболните моменти во кариерата, драматичниот пораз од Турција на Европското првенство.
Но, токму тука критиките стануваат уште пожестоки. Осумнаесет години подоцна, Билиќ е многу поискусен тренер и од него се очекува да знае како да реагира во моменти кога репрезентацијата се соочува со сериозна криза.
Во Хрватска сè почесто се поставува прашањето дали Билиќ е човекот кој може да ја врати репрезентацијата на вистинскиот пат.
За само една недела, според критичарите, Хрватска од репрезентација која противниците ја почитуваат и не сакаат да ја извлечат во група, се претворила во тим кој е предмет на потсмев и најголема причина според Хрватите е селекторот Билиќ.
Комплетниот текст и анализа на ситуацијата во репрезентацијата на Хрватска можете да ја прочитате – ТУКА.