Хрват би можел да биде решението за тренерското столче на Борусија Дортмунд

by 24 фудбал
1 минути читање

Нико Ковач е сериозна опција за да го наследи Нури Шахин на клупата на Борусија Дордмунд.

Според германските медиуми управата на „милионерите“ веќе имала состанок со Хрватот со цел да го ангажира како решение до крајот на сезоната. Сепак, Ковач не сака да биде човекот кој ќе дојде само привремено и ќе си замине по само неколку месеци, а тоа не го криел во преговорите.

Во моментов првиот тим го води Мајк Тулберг кој беше тренер на младинците, а доколку Борусија не успее да се договори со Ковач можеби ќе му ја довери клупата на Данецот до крајот на сезоната.

Инаку Нико Ковач како тренер работеше во Волфсбург, Ајнтрахт Франкфурт, Монако и Баерн Минхен, а беше и селектор на сениорската и У21 селекциите на Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани